Наполи ќе се откаже од Елмас само за многу пари, позната е сумата

by
1 минути читање

Иако игра одлично и веќе даде пет голови, Елмас и оваа сезона најчесто натпреварите ги почнува од клупата за резерви. Но и покрај тоа, тој се смета за еден од важните играчи на Наполи.

Италијанскиот новинар, Франческо Модуњо отркива од блиски извори до клубот колкава е цената на македонскиот репрезентативец.

„Елмас е еден од највредните фудбалери на Наполи и има нова цена. Од 50 милиони евра и никој не сака да чуе за толку пари. Сега можеби и ќе се најде купувач, ама никако за помалку од ова“, рекол Модуњо.

Пред неколку дена, претседателот на Наполи, Де Лаурентис рече дека нема намера никого да продава бидејќи клубот нема долгови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×