Фудбалер со ампутирана нога помеѓу тројцата кандидати за најубав гол и наградата „Пушкаш“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Светската куќа на
фудбалот на 27. февруари во Цирих ќе ги избира најдобрите во годината, а
денеска беа објавени финалистите за наградата „Пушкаш“, односно за најубавиот
гол во 2022.

За прв пат во
потесниот избор се најде фудбалер со хендикеп, станува збор за Полјакот Марчин
Олекси кому му е ампутирана едната нога. Тој настапува во првенство за
хендикепирани лица каде постигна навистина атрактивен гол со ножички.

Друштво ќе му
прават Ришарлисон и акробатскиот гол на Бразилецот против Србија на мундијалот
во Катар, како и Димитри Паје и „ракетата“ на фудбалерот на Олимпик Марсеј
против ПАОК.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×