На навивачите нема да им се допадне ова, адвокат откри кога Манчестер Сити би можел да биде казнет

by
1 минути читање

Оваа недела,
Премиерлигата соопшти дека е покренато обвинение против Манчестер Сити,
„граѓаните“ се товарат дека преку 100 пати ги прекршиле правилата за Финансиски
фер-плеј во периодот од 2009 до 2018 година.

Веднаш почнаа да
кружат гласини дека ривалите бараат најстрога казна доколку се докаже вина,
односно Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиерлигата, најлошо сценарио е да
биде испратен во пониските лиги, а не во втора лига.

Но и да се случи
едно вакво сценарио, навивачите ќе треба да почекаат многу години за да видат
правда, еден од водечките спортски адвокати во Обединетото Кралство очекува
процесот да трае и до четири години.

„Работев на
случаите на Дерби и Шефилд Вендздеј, двата случаи беа за два прекршоци во
период од две години и помина година ипол од моментот кога беше покренато
обвинение до пресудата“
– вели Ник Де Марко.

„Нема да ме чуди доколку
случајот со Манчестер Сити трае многу, многу подолго со оглед на тоа дека има
преку 100 прекршувања на правилата во период од десетици години“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×