184
Марсеј го доби
големото дерби со ПСЖ во Купот на Франција, домаќините славеа со 2-1 и го
елиминираа лутиот ривал за големо славје.
На теренот имаше
многу борба, атрактивни потези, прекрасен гол но и една реакција на Нејмар која не доликува на
фудбалер од светска класа.
Бразилецот загуби дуел во опасна зона па се превиткуваше од болка и се жалеше дека добил
посериозен удар. Но сето ова беше само добра глума, кратко потоа ПСЖ ја освои
топката а Нејмар стана и почна да спринта како ништо да не му во обид да отвори контра.