Санчо погоди по пет месеци, но тоа не беше доволно за Јунајтед да стигне до три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна шокантно за Манчестер јунајтед, уште во првата минута Њонто постигна гол за водство на Лидс од 1-0.

Како што почна шокантно првиот дел, така стартуваше и второто полувреме, во 48. минута Варан си постигна автогол за предност на Лидс и од 2-0.

Тен Хаг во 59. минута го стави Санчо во игра место Вегхорст. Рашфорд отиде на позицијата централен напаѓач и овој потег го смени мечот.

Само три минути подоцна Рашфорд даде гол со глава за 2-1, а во 70. минута Санчо реализираше за 2-2. Тоа беше негов прв гол по пет месеци.

До крајот Манчестер јунајтед притискаше да даде и трет гол, но мрежите не се затресоа повеќе.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×