Ибра во свој стил го најави кам-бекот: Ме критикуваат зошто сум број 1, јас сум бог!

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ во мај месец минатата го оперираше коленото, повеќе од осум месеци е надвор од стројот но неодамна почна да тренира со преостанатиот дел од тимот и наскоро ќе има кам-бек на терените.

По тој повод, Швеѓанецот седна на интервју со Спортмедиасет и во свој стил порача дека и понатаму се смета за бог.

„Нормално е тоа што ме критикуваат, доколку не ве критикуваат, не сте на врвот. Ме критикуваат 25 години бидејќи сум број 1, навикнат сум на тоа. И понтаму сум бог, ништо се нема променето“ – вели Златан Ибрахимовиќ.

„Не сакам да се вратам на теренот од милост, се враќам за да донесам резултати и да го правам она што секогаш сум го правел. Во спротивно, нема да имам никаков предизвик и во тој случај е подобро да седам дома и да се играм со децата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×