Утрово низ медиумите од Англија се појави информација дека Катарци сакаат да го купат Манчестер јунајтед, Дејли Мејл објави дека во следните денови ќе биде испратен предлог со кој ќе се збрише конкуренцијата.
Попладнево Гардијан исто така пишува на оваа тема, весникот вели дека интерес за „ѓаволите“ пројавил Емирот на Катар, Шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.
Тој сепак смета дека сумата од 6 милијарди фунти која ја бара смејството Глејзнер не е реална, верува дека зделка вредна околу 4,5 милијарди фунти е фер цена.
Исто така има еден дополнителен проблем, односно тоа што Шеикот Тамим бин Хамад ал Тани веќе е сопственик на ПСЖ а УЕФА не дозволува еден исти газда на два клуба кои настапуваат во исто натпреварување, па ќе треба да се најде некое решение по ова прашање.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.