Јувентус објасни каква е состојбата на Погба и дали ќе биде раскинат договорот на Французинот

by
1 минути читање

Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус, но „старата дама“ се уште нема видено аир од Французинот.

Фудбалерот веднаш се повреди, па одложуваше операција со цел да може да настапи на Светското првенство, па кога виде дека конзервативниот третман не носи ефект, замина под нож.

Со оглед на тоа дека роковите за враќање на теренот неколку пати се пролонгираа, почнаа да кружат шпекулации дека Јувентус размислува да му го раскине договорот на Пол Погба вреден 8+2 милиони евра.

„И ние ги слушаме гласините, но нема вистина во нив, не размислуваме да го раскинеме договорот на Погба“ – вели директорот Франческо Калво.

„Погба е многу важно засилување и тоа долгорочно. Како што кажа теренот, повредите се непредвидлива работа и токму тоа ме случи на Погба“.

„Гледаме како Погба на секој трениг дава максимум, работи со ентузијазам и убедени сме дека ќе даде голем допринос“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×