Јаспер Силесен, кој
во моментов е член на НЕК Нијмеген, се најде во фокус на шпанската јавност
откако неговата поранешна девојка му поднесе тужба. Голманот од врската со Марија
Моран има ќеркичка, за која не сака да се грижи, како што обвинува новинарката.
Неодамна, малото
девојче било хоспитализирано и трошоците за лекување изнесувале 1.200 евра. Адвокатот
на Марија Моран вели дека и покрај тоа што Јаспер Силесен има плата од 6
милиони евра годишно и богатство од околу 40 милиони евра, одбил да го плати
лекувањето.
Сметката од 1.200
евра на крајот била подмирена од дедото на Марија, кој има 90 години и повлекол
пари од својата заштеда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.