Мурињо после Мундијалот во Катар прво се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а потоа и на Бразил, а во меѓувреме се појавија и информации дека САД исто така се заинтересирани, но на крајот „специјалниот“ остана во Рома со која во мај лани освои европски трофеј – Конференциската лига.
„Јас можев во декември да ја напуштам Рома, ама не го направив тоа. Ова е мојот живот, а секој ден е – борба! Понекогаш се чини дека се мачиме, но при врвот на табелата сме со останатите екипи, кои исто така се силни и има што да покажат“, рече Мурињо.
Рома во моментов е на третото место на табелата и води голема битка за местата кои водат во Лигата на шампионите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.