Репрезентативецот
на Турција во 2011 како 17 годишно момче потпишал договор со Трабзонспор а неговото семејство примило
100.000 евра, но тој никогаш не се преселил во клубот.
Хакан Чалханоглу
во 2013 го напуштил Карлсруе за трансфер во Хамбургер, а 12 месеци подоцна се
пресели во Баер Леверкузен.
Трабзонспор
достави тужба до ФИФА, која пресуди во полза на клубот од Турција, а одлуката
сега ја потврди и Судот за спортска арбитража.
За прекршување на
договорот, Хакан Чалханоглу доби суспензија од четири натпревари а ќе треба да исплати и 100.000 евра на Трабзонспорт.
„Жалиме за оваа
одлука која не можеме да ја разбереме“ – вели спортскиот директор на Баер, Руди
Фелер.
„Иако немаме
никаква врска со целиот случај, ние сме казнети. Ќе останеме без важен играч во
клучен дел од сезоната”.