139
По серија состаноци, градоначалникот на Рим решил да не издаде одобрение за градба на новиот стадион на Рома.
Денеска и официјално беше соопштено дека регионот Лацио гласал против проектот кој им бил презентиран.
Како причини за недобивање на дозволата биле наведени безбедноста на околните патишта, водоводните цевки, малиот број на паркинг места и поврзаноста со јавниот транспорт.
Рома се обидува да го реализира проектот за нов стадион по доаѓањето на американските сопственици. Претседателот Џејмс Палота вети дека ќе имаат нов фудбалски храм до 2021, но веројатно фановите ќе треба да почекаат уште некоја година плус.
Рома и Лацио немаат свој стадион, го делат Олимпико кој е на градот Рим.