Реал Мадрид со два гола за две минути ги освои трите бода против Валенсија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кралскиот клуб се обидуваше да поведе уште во вториот дел, но не му одеше. Во финишот Ридигер даде гол, но беше поништен поради фаул кој го направи Бензема.

Но, Реал Мадрид поведе брзо во второто полувреме, во 52. минута Асенсио постигна страшен гол за водство од 1-0.

Само две минути подоцна незапирлив трк на Винисиус кој реализираше за победа од 2-0.

Валенсија мечот го заврши со 10 фудбалери откако во 72. минута Габриел Паулиста доби директен црвен картон по еден крвнички старт врз Винисиус.

Со оваа победа Реал Мадрид се врати на -5 бода во однос на Барселона која е лидер на табелата во Ла Лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×