544
Кога во септември
„Граѓаните“ до УЕФА ја доставија листата за групната фаза од Лигата на
Шампионите, на нејзе немаше место за Јаја Туре, што предизвика бесна реакција
од агентот на играчот.
Поради критиките
кој тој ги упати на адреса на Пеп Гвардиола, Шпанецот реши целосно да го
„замрзне’ Јаја Туре и фудбалерот од средниот ред не доби шанса за настап се
додека неговиот агент јавно не се извини.
Јаја Туре потоа за
кратко време се наметна како важна алка во тимот на Пеп Гвардиола, па стратегот
сега ја призна грешката и го врати играчот во составот за нок-аут фазата од
Лигата на Шампионите.
На листата се
најде и новото засилување, Габриел Жезус а отпадна повредениот Илкај Гундоган.