Л’Екип откри како Челси трипати го „издриблал“ ПСЖ за трансферот на Зијеш

by
1 минути читање

Хаким Зијеш вчера требаше да се пресели во ПСЖ на позајмица до крајот на сезоната, но зделката пропадна откако документите не беа доставени на време.

„Светците“ доставија жалба но ЛФП им ја одби и Хаким Зијеш сега ќе се врати во Лондон.

Медиумите објавија дека Челси дури трипати испратил погрешни документи а Л’Екип откри што точно се случувало.

„Сините“ во прв момент испратиле документи кои не биле точни, па ПСЖ им ги вратил на корекција.

Откако адвокатите на Челси направиле корекции, го испратиле договорот, но немало потписи. ПСЖ алармирал за новиот пропуст, па добиле и трет одговор. Клубот од Англија пратил нова верзија на договорот и повторно без потпис.

Кога на крајот била испратена уредна документација, времето за комплетирање на трансферот изминало.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×