Официјално: Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Сабицер, фудбалерот вели дека е во врвна форма

by
1 минути читање

По повредата на Ериксен, Манчестер јунајтед брзо реагираше и го договори Сабицер од Баерн Минхен.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека Марсел Сабицер му се приклучи на клубот на позајмица од Баерн Минхен до јуни 2023 година“, стои во соопштението.

Фудбалерот е возбуден за новиот предизвик и вели дека е во пикот на својата форма.

„Понекогаш во животот треба да донесете брзи и важни одлуки. Од моментот кога слушнав за оваа можност, знаев дека е вистинската за мене. Чувствувам дека сум во врвот на формата како фудбалер и можам да внесам многу искуство и енергија во составот“, вели Сабицер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×