Меси е најдобар на големите натпревари

by
1 минути читање

Меси одигра одличен меч против Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон и и помогна на Барселона да дојде до победа од 2-1 во првиот полуфинален меч од Купот на Шпанија.

Меси постигна одличен гол од далечина, но имаше и извонредни перформанси во текот на целиот натпревар разигрувајќи ги своите соиграчи и креирајќи шанси за погодок.

„Меси е најдобар на големите натпревари, на посебните мечеви“ – изјави Луис Енрике.

„Вечерва го покажа својот репертоар. Ни помогна да делуваме супериорно во средината на теренот и опасно во нападот. Нема многу зборови кои можат да се кажат за да се опише она што го прави Меси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани