Милан излезе со соопштение по шпекулациите дека пропаднале преговорите со Леао

by
1 минути читање

Милан и Леао се уште не се договориле за продолжување на соработката, актуелниот договор на фудбалерот истекува во јуни 2024 година.

Денеска имаше шпекулации дека Милан и Леао не можат да се договорат за висината на откупната клаузула и дека имало многу тензија на последниот состанок меѓу фудбалерот и Малдини.

Сепак, Милан излезе со соопштение со кое ги негира таквите пишувања.

„Приказните за пропаѓање на преговорите со Леао се лажни и го рушат имиџот и на клубот и на фудбалерот. Милан продолжува да преговара со Леао на професионален начин“, стои во соопштението на росонерите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×