Откриено како пукнала тиквата помеѓу Касело и Гвардиола, тренерот во свој стил му порачал…

by
1 минути читање

Жоао Кансело е пред преселба во Баерн, Португалецот синоќа пристигна во Минхен откако за кратко време падна договор за негова позајмица на „Алианц Арена“.

Десниот бек го напушта Манчестер Сити и покрај тоа што беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, причина е расправија со Пеп Гвардиола.

Жоао Кансело изминатиов период често изразувал незадоволство поради малата минутажа и тиквата пукнала откако дознал дека нема да биде стартер против Арсенал во ФА Купот и реагирал бурно.

Настанала расправија со Пеп Гвардиола, играчот се заканил дека ќе замине а тренерот во свој стил порачал дека никој не е поголем од клубот и слободно може да си оди доколку донесе интересна понуда.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×