Гневни фанови на Рома го навредувале Заниоло пред неговиот дом, тој викнал полиција

by
2 минути читање

Заниоло пред извесно време побара од клубот да биде продаден, сакаше да си замине, но кога Рома се договори со Борнмут, тој ја одби понудата бидејќи тоа не е клуб од рангот каде што тој сака да биде.

Заниоло цели две сезони пропушти поради повреди, клубот се грижеше за него, тој постојано играше во изминатиот период и покрај тоа што немаше никаков ефект во поглед на асистенции и голови.

Но и покрај се што направи клубот за него, тој одбива да потпише нов договор и побарал да замине. Тоа дополнително ги разгневи фановите на Рома кои и онака му свиреа на Заниоло на последните мечеви, незадоволни од неговите перформанси.

Синоќа, неколку ултрас фанови се собрале пред куќата на Заниоло и довикувале кон него: „Гомно! Доколку загубиме тоа е твоја вина. Оди си!“.

Ситуацијата била тензична, тој викнал полиција по што фановите го напуштиле местото.

Заниоло мора да замине за Рома да ангажира нов фудбалер, во спротивно раководството не може да купи нов играч поради финансискиот фер плеј. Ваквата ситуација на никој не му одговара.

„Сега сите знаат што се случи. Николо побара да го напушти клубот, заедно со неговиот агент ние се трудевме на секој начин да најдеме решение, дојде решение (понудата од Борнмут), но Николо не беше среќен со тоа решение. Сега сме во тешка ситуација бидејќи тој побара трансфер и со сите параметри од Финансискиот фер плеј не можеме да си дозволиме така едноставно да го прифатиме одбивањето на Заниоло и да потпишеме замена“, вели директорот на Рома, Тиаго Пинто.

„Има уште 48 часа од преодниот рок и ќе видиме што ќе се случи, но ова е навистина тешка ситуација и за клубот и за сите“.

Едно е јасно, и да остане, Заниоло веќе нема да заигра за Рома.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×