Фиорентина освои бод кај Лацио, а може да жали што не си оди од Рим со сите три (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио во овој меч влезе по високата победа над Милан од 4-0, но самодовербата им ја скротија виолетовите.

А, мечот за Лацио почна одлично, уште во осмата минута Касале најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди за водство од 1-0.

Но, како одминуваше натпреварот работите се променија, особено во второто полувреме.

По четири минути игра во вториот дел, Николас Гонзалез постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Во финишот од мечот лесно можеше Фиорентина да дојде и до целиот плен, но пропушти неколку шанси, особено блиску беше кога Милинковиќ во последните моменти од натпреварот ја погоди пречката од голот на Лацио.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×