Фердинанд со остра критика за однесувањето на Погба и Лингард

by
1 минути читање

Дуото често знае да ги прослави погодоците со интересен танц на теренот, и вчера на социјалните мрежи објавија видео од новата кореографија на која работат.

На Рио Фердинанд не му се допадна ова, особено што Манчестер јунајтед е надвор од топ четири, па легендата на „Црвените Ѓаволи“ упати остри критики на адреса на Пол Погба и Џеси Лингард.

„Веќе ги имам нападнато играчите на Арсенал за слични работи, па морам сега да го сторам тоа и со играчите на Манчестер јунајтед” – вели поранешниот дефанзивец.

„Немам ништо против тоа да се забавувате, и не сакам да го одземам забавниот и слободен дух на Погба, но мислам дека треба да го одберете правото време за правење вакви работи”.

„Ако правите вакви работи кога сте освоиле куп или сте станале шампиони тоа е во ред, веројатно јас прв би го направи тоа”.

„Но во моментов Манчестер јунајтед е петти (шести) се бори за Лигата на Шампионите, нема освоено ништо. Па јас не би привлекувал никакво внимание”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани