Реал Мадрид и авиокомпанијата „Емирејтс“ ја продолжуваат успешната соработка, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на спонзорството до 2031 година.
Веста официјално ја потврди шпанскиот гигант преку своите социјални мрежи, истакнувајќи дека компанијата од Дубаи ќе остане главен спонзор на клубот и во наредните пет години.
„Реал Мадрид и Емирејтс го обновија своето партнерство, со што најголемата авиокомпанија во светот ќе продолжи да биде главен спонзор на нашиот клуб до 2031 година“, соопштија од мадридскиот клуб.
Иако официјалните детали од финансиски аспект не беа објавени, шпанскиот весник „АС“ наведува дека новиот договор е вреден околу 100 милиони евра по сезона.
Соработката меѓу Реал Мадрид и „Емирејтс“ започна во 2011 година, додека од 2013 година авиокомпанијата ја има улогата на главен спонзор. Нејзиното лого веќе повеќе од една деценија е дел од дресовите на фудбалскиот и кошаркарскиот тим на „кралскиот клуб“.