Шпанија слави на „генералката“ пред СП која се одигра на преку 2.100 метри надморска височина (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Шпанија со победа од 3-1 над Перу ги заврши подготовките за Светското првенство и испрати јасна порака дека е подготвена за предизвиците кои следуваат.

Избраниците на Луис де ла Фуенте поведоа уште во раната фаза преку Микел Ојарсабал, а пред паузата предноста ја удвои Педри. Во второто полувреме Перу си постигна автогол за 3-0, пред Велес да го постави конечниот резултат.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар и покрај тешките услови за игра во Пуебла бидејќи се игра на преку 2.100 метри надморска височина. Селекторот може да биде задоволен од прикажаното пред стартот на Мундијалот.

Особено охрабрувачки за шпанскиот табор е што тимот одигра убедливо и без поголем придонес од Ламин Јамал и Нико Вилијамс, кои се очекува да бидат меѓу главните адути на репрезентацијата на претстојниот турнир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×