245
Њукасл договори ново засилување, на „Сент Џејмс Парк“ ќе пристигне 21 годишниот Ентони Гордон, кој минатото лето беше мета на Челси но тогаш Евертон ги одби сите понуди.
Сепак, „карамелите“ сега практично беа принудени да прифатат трансфер откако Ентони Гордон три дена не се појави на тренинг и стави јасно до знаење дека сака да ја промени средината.
Како што пренесуваат медиумите од Англија, двата клуба си подале рака за зделка вредна 40+5 милиони фунти.
Англичанецот сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и се очекува викендов да пристигне официјална потврда за трансферот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.