Емре Џан: Трансферот во Јувентус вредеше за една работа, ми најдоа тумор и ми помогнаа!

by
1 минути читање

Емре Џан имаше кратка авантура во Јувентус, но вели дека трансферот во Торино особено вредел поради една работа. Докторите на „старата дама“ му дијагностицирале тумор на тироидната жлезда, за среќа бил во рана фаза и детектиран на време, па се добро се завршило.

„Два месеци по направените лекарски прегледи, добив повик од докторите. Не знаев што се случува, не знаев што е тироидна жлезда, ниту пак сум помислувал дека можe да имам тумор. Трансферот во Јувентус вредеше само за ова“ – вели Емре Џан, кој по 18 месеци беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд, а кратко потоа направи и перманентен трансфер на „Сигнал Идуна Парк“.

„Имав рак на тироидната жлезда и морав веднаш да направам операција. Ова многу ми го промени животот. Можете да имате многу пари, можете да имате се, но здравјето е навајжно“.

„Затоа советувам сите често да прават прегледи, без разлика колку мислите дека сте здрави, доколку на време се откријат вакви работи, можете да делувате“.

„Многу сум им благодарен на докторите на Јувентус“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×