Рома со ултиматум до Заниоло: Прифати ја понудата на Борнмут или ќе дремеш на трибини

by
1 минути читање

Николо Заниоло
овој месец изрази желба да ја напушти Рома, Милан пројави интерес за неговите
услуги, но сопствениците на „росонерите“ одбиваат да обезбедат екстра средства
за Паоло Малдини да достави конкурентна понуда.

Дополнително,
Борнмут е подготвен да плати 30+5 милиони евра (плус 10% од следната продажба),
предлог кој е прифатлив за „волчицата“.

Николо Заниоло
сепак не е привлечен од идејата да се пресели во тим од Премиерлигата кој се
бори за опстанок, денеска ќе има нов состанок на кој Борнмут ќе се обиде да го убеди играчот дека проектот е добар.

Последните
информации велат дека Рома му прави притисок да ја прифати понудата, дури и му
поставила ултиматум, доколку не направи трансфер на „Виталити“, ризикува
вториот дел од сезоната да го помине на трибини.

Николо Заниоло
има договор до јуни 2024 година, Рома нема да биде во силна позиција
летоска, и ќе мора да се задоволи со далеку помала понуда, па затоа „волчицата“
преферира сега да се реализира трансферот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×