Реал го победи Атлетико во 120 минути мадридска битка и се пласираше во полуфинале (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид дојде во водство уште во 19. минута кога по една убава акција Алваро Мората постигна гол за водство од 1-0.

Гостите долго време водеа на Сантијаго Бернабеу, конечно во 79. минута се случи магија на Родриго кој постигна гол за израмнување на 1-1.

Тоа беше конечниот резултат по 90 минути игра, мечот продолжи во двапати по 15 минути.

Савиќ за две минути успеа да добие два жолти картони, во 99. минута Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку, тоа максимално го искористија домаќините.

Во 104. минута Бензема реализираше за водство на Реал Мадрид од 2-1, а во 121. минута, Винисуис погоди за конечни 3-1.

Покрај Реал Мадрид во полуфиналето на шпанскиот куп се пласираа Атлетик Билбао, Барселона и Осасуна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×