Нема да му текне повторно да вози пијан, ѕвездата на Њукасл е казнет со 29.000 фунти!

by
1 минути читање

Жоелинтон ќе
плати дебела казна, напаѓачот на Њукасл на 12. јануари возел под дејство на
алкохол. Бразилецот им признал на полицајците дека таа вечер испил две чаши вино,
а направениот тест покажал 43 мкг алкохол, дозволената граница е 35 мкг.

Фудбалерот
денеска се појави пред суд и го призна делото, а судот му изрече казна од
29.000 фунти, како и две парични глоби, една од 85 фунти, другата од 2.000
фунти.

Џоелинтон исто така
ќе остане без возачката на 12 месеци, a доколку посетува курс за возење под дејство
на алкохол, ќе му бидат скратени 3 месеци од казната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×