Заниоло побарал да не биде во составот за мечот со Специја кој се играше вчера, а нема да биде во тимот ниту во дербито против Наполи кое се игра следната недела.
Италијанскиот фудбалер сака да си оди, но засега нема понуда која ја задоволува Рома, Мурињо верува дека таква нема ни да дојде.
„Тој рече дека сака да си оди. Но тоа не значи дека ќе си оди. Го влеам тоа бидејќи тој е важен фудбалер и има важна вредност на трансфер пазарот. Понудите кои се на маса не го задоволуваат ниту него, ниту клубот. Нема ништо важно. Мој впечаток е дека тој ќе биде тука во февруари“, вели Мурињо.
Португалецот беше запрашан дали ќе го игра Заниоло доколку тој остане во клубот по крајот на преодниот рок.
„Играат тие што заслужуваат да играат. Тие што даваат максимум на натпреварите и на тренинзите. Понекогаш има некои неправди кои мора да ги направам, како на овој дуел со Специја, имаше фудбалери кои останаа на клупата, а заслужуваат да играат, но секогаш го правам тоа што е најдобро за тимот. Доколку Никола се уште биде со нас, тој ќе биде уште еден играч во тимот“.
„Јас секогаш сум имал одличен однос со него. Секогаш сум се трудел да му помогнам, тој секогаш го давал максимумот. Јас ги бранам оние кои го даваат најдоброто од себе и секогаш ќе бидам на страната на Николо“.
„Тој сака да си оди и јас треба да го прифатам тоа. Ако тој си оди, некој друг ќе дојде. Ако остане, нема никој да дојде“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.