Реал Мадрид
синоќа со пресврт во второто полувреме славеше со 2-3 на гостувањето кај
Виљареал и го продолжи настапот во Копа дел Реј.
Еден од моментите
кои привлече внимание е потегот на Карло Анчелоти, кој му држеше лекции на Родриго
на клупата.
Бразилецот беше
повлечен од игра по десетина минути во второто полувреме, одлуката очигледно не
му се допадна, па не се поздрави со Карло Анчелоти, кој реши да не го премолчи недоличното
однесување.
„Забележавме дека
заморот го стига Родриго, не сакавме да ризикуваме повреда па го повлеков од
игра. Не ми подаде рака кога го напушти тренерот, искрено не знам зошто, можеби
заборавил. Па му кажав дека не смее да не се поздрави со мене кога е заменет“ –
објасни Карло Анчелоти по крајот на натпреварот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.