Реал Мадрид за прв пат по 2017 се радува на победа на гости кај Виљареал, избраниците на Карло Анчелоти вечерва губеа со 2-0, но во второто полувреме направија голем пресврт и го продолжија настапот во Копа дел Реј.
Капу го отвори резултатот во 4. минута, за пред крајот на првиот дел, Чуквуезе да зголеми на 2-0.
Реал Мадрид се врати во игра во 57. минута, една грешка на средината од теренот отвори брза акција, Винисиус намали на 2-1.
Милитао се најде најдобро по една мешаница и донесе 2-2 во 69. минута. Пресвртот беше комплетиран во 86. минута, Себаљос погоди од врвот на шеснаесетникот за 2-3.
На вториот денешен натпревар, Барселона со 0-5 славеше на гостувањето кај Сеута. Левандовски беше двоен стрелец, по еднаш реализираа Рафиња, Фати и Кеси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.