Челси игра под очекувањата
откако Грем Потер го наследи Томас Тухел, па почнаа да кружат гласини дека
стратегот би можел да добие отказ.
Сепак, последните
информации велат дека Тод Боли наместо промена на тренерот, подготвен е да
направи голема чистка, „сините“ би можеле да се разделат дури со 10 играчи.
Како што
пренесува Тлеграф, скапо платените засислувања како Каи Хаверц, Кристијан Пулишиќ
и Хаким Зијеш имаат неизвесна иднина на Стемфорд Бриџ. Жоржињо, на кого договор
му истекува на крајот од сезоната, многу веројатно ќе биде пуштен да замине, а
ќе се разгледуваат и понуди за капитенот Сезар Аспиликета.
Летните
засилувања Калиду Кулибали и Пјер Емерик Обамејанг не ги исполнуваат
очекувањата, па тие можат да бидат продадени по брза постапка.
На листата за
отстрел се уште и имињата на Едуард Менди, Тревор Чалоба и Конор Галагер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.