Последниот натпревар
од 19. коло во Лига 1 донесе изненадување, Рен со 1-0 го совлада актуелниот
шампион и лидер на табелата, ПСЖ.
Единствениот гол
на натпрварот го постигна Траоре, кој во 65. минута се отвори убаво, прими
топка и прецизно биеше по земја за 1-0.
На „светците“ не
им помогна ниту Мбапе, кој се врати во тимот по одморот, напаѓачот имаше големо
промашување во 69. минута.
Победата
дополнително добива на тежина доколку во предвид се земе фактот дека во стартниот
состав на Рен имаше дури седум фудбалери помлади од 22 години, кои иако немаат
многу искуство, одлично им се спротивставија на скапите ѕвезди на ПСЖ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.