Актуелниот
шампион Манчестер Сити падна на колена на Олд Трафорд, избраниците на Пеп
Гвардиола имаа водство, но „ѓаволите“ постигнаа два гола за 4 минути и се
радуваа на победа од 2-1.
Откако Рашфорд
пропушти две добри шанси во првото полувреме, „граѓаните“ поведоа по еден час
игра, Грилиш погоди за 0-1.
Во 78. минута
Бруно Фернандеш изедначи на 1-1 под контроверзни околности. Топката беше
упатена кон Рашфорд, кој беше во чист офсајд и до последен момент трчаше по неа, но пушти Бруно
Фернандеш да шутира од врвот на шеснаесетникот. Помошникот во прв момент
сигнализираше офсајд, но по консултации, беше покажано на центарот.
Во 82. минута
следуваше нова радост за домаќините, Граначо го проигра Рашфорд, кој од пет
метри го матираше Едерсон за 2-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.