355
Аријан Адеми е на
мета на шпанска Валенсија, ова утрово го пренесе Марка. Весникот објави дека
Џенаро Гатузо разговарал со сопственикот Питер Лим и го известил дека сака во
јануари да добие искусен фудбаелр од средниот ред.
Едно од имињата
кои се интересни за „Лос Че“ е нашиот Аријан Адеми, кој одговара на сите критериуми,
односно квалитет, цена и висина на плата.
Марка додава дека
Валенсија ќе треба да побрза бидејќи два клуба од Премиерлигата исто така
сакаат да го ангажираат Македонецот, и можат да му понудат повеќе пари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.