Кога од срце го сакаш клубот: Се врати од САД во Џенова и прифати да игра за минималец од 2.274 евра

by
1 минути читање

Доменико Кришито
беше еден од тројцата Италијанци (Лоренцо Инсиње и Федерико Бернардески) кои
минатото лето се решија за авантура во Торонто.

Левиот бек имаше
плата од околу 1,5 милиони долари, но реши предвреме да ја прекине соработката
за да може да се врати во Џенова и да ја заврши кариерата во дресот на
„росо-блу“.

Италијанецот покажа
дека кога од срце го сакаш клубот се се може, и прифати во следните шест месеци
да игра за минималецот кој е пропишан во колективниот договор, односно 2.274
евра месечно.

„Точно е дека ќе
играм за минимална плата, не знам колкава е сумата бидејќи се уште не сум ја
добил првата плата“
– вели Доменико Кришито со насмевка на лицето.

„Кога зборуваме
за Џенова, за мене е исто како да зборуваме за мојот живот. Задоволен сум што се
вратив. Роден сум во Неапол, но пристигнав во Џенова во 2001. Мојата сопруга е
од Џенова, моите деца се родени тука“.

Целта на Доменико
Кришито е сега да помогне Џенова да се врати во Серија А, а летоска да стане
тренер на младинскиот тим.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×