Челси игра во очајна форма, притисокот врз Грем Потег станува сѐ поголем. Сините никако да излезат од кризата, а и засилувањата кои ги носат се вклопуваат во сивилото. Таков е случајот со Жоао Феликс кој доби црвен картон на дебито.
„Потегот на Жоао Феликс само е отслик на нашата ситуација во овој момент. Сѐ што може да тргне на лошо, ќе тргне. Сѐ оди во погрешен правец. Феликс сакаше да направи офанзивен старт, да стигне до топката, немаше лоша намера. Но го разбирам црвениот картон. Тоа е само уште еден удар во низата кои ги добиваме“, вели Потер.
„Феликс беше навистина добар додека беше на теренот, сите можеа да го видат неговиот квалитет, за жал доби црвен картон и нема да можеме да сметаме на него во наредните три натпревари“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.