Реал Мадрид на пенали ја совлада Валенсија за финале во Суперкупот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Карло Анчелоти ја
доби пресметката со Џенаро Гатузо, Реал Мадрид на пенали ја победи Валенсија во
првото полуфинале во Суперкупот на Шпанија.

Бензема од пенал
во 39. минута ги донесе „кралевите“ во преднсот од 1-0, но Лино на стартот од
вториот дел изедначи на 1-1.

Откако немаше
победник во регуларните 90 минути, натпреварот отиде во продолженија, каде мрежите
мируваа, па пенал серијата го даде патникот во финалето.

Играчите на Реал
Мадрид шутираа без грешка, додека Валенсија не реализираше два обиди, Комер
биеше над голот, ударот на Гаја беше одбранет од Куртоа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×