17 апартмани за Роналдо и неговата свита, ЦР7 престојува во една од највисоките кули во Ријад (ФОТО)

by
1 минути читање

Изминативе денови
имаше многу гласини за тоа на каков лусузен имот ќе живее Кристијано Роналдо по
преселбата во Саудиска Арабија, последните информации велат дека првиот дом на
напаѓачот ќе биде хотелот „Фор сизонс“ кој е сместен во една од највисоките
кули во Ријад, односно „Кингдом Сентр“.

Се шпекулира дека
биле изнајмени дури 17 апартмани за Кристијано Роналдо, неговото семејство,
пријателите и обезбедувањето.

Кристијано
Роналдо со Георгина Родригез ќе престојува во кралски апартман, кој се простира
на два ката и важи за еден од најубавите во кулата.

Престојот на
Кристијано Роналдо и неговата свита во „Фор сизонс“ ќе чини нешто над 280.000
евра за еден месец, пари кои Португалецот ги заработува за поливина ден, со
оглед на тоа дека се очекува во Саудиска Арабија да заработува околу 200
милиони евра годишно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×