Чави Симонс
важеше за еден од најталентираните во школата на Барселона, но наместо да ги
следи стапките на Чави, Иниеста или Меси, наместо деби во првиот тим, тој се
реши за трансфер во ПСЖ.
На „Паркот на
принцовите“ имаше ограничена минутажа, па минатото лето одбра нова авантура и преселба
во ПСВ. Трансферот во Холандија му е прав погодок, доби шанса да прикаже што
умее, а со добрите партии, успеа да се најде и во составот на „лалињата“ за
мундијалот во Катар.
Младиот Чави
Симонс сега доби добра лекција, соиграчите од ПСВ го натераа да им ги пере
копачките за да не лета многу во облаци.
PSV players made young star Xavi Simons clean their boots after a training session to help keep him grounded pic.twitter.com/DQ4IqXJig8
— ESPN FC (@ESPNFC) January 10, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.