Ѓоковиќ одговараше на фудбалски прашања: Да бев фудбалер ќе играв за Црвена звезда или Милан

by
1 минути читање

Ѓоковиќ е голем фудбалски фан и познато е дека навива за Црвена звезда и Милан, па логичен беше неговиот одговор каде би играл доколку е фудбалер, но интересно е да се видат одговорите на другите прашања.

„Би играл за клубот од мојот роден град, Црвена звезда или за Милан“, одговори Ѓоковиќ на прашањето ако би бил фудбалер за кој би играл.

„На која позиција би играл? На левата страна, веројатно лево крило. Јас сум левоног, би се обидувал да им асистирам на соиграчите во шеснаесетникот“.

„Би бил агресивен фудбалер, зошто да не. Би добил 33 црвени картони“.

„Би сакал да играм со Златан Ибрахимовиќ, тој ми е пријател, заедно и со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а од постарите со Габриел Батистута“

„Колку голови би дал? Најмногу што можам, 111 гол“.

„Најмногу би сакал да го освојам Светското првенство со Србија“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×