115
Бразилскиот тим го загуби речиси целиот тим во авионската несреќа во Колумбија на патот до финалето од Судамерикана, загинаа 19 фудбалери и стручниот штаб.
Од тогаш клубот донесе 22. нови играчи и ангажираше нов тренер.
Тие го победија Интер де Лагес со 2-1 во државниот шампионат Катариненсе кој го освоија минатата сезона, головите беа дело на Нилтињо и Велингтон Паулиста.
Тоа беше нивни втор официјален меч по авионската несреќа.
Претходниот натпревар им беше во Примеира лига кога одиграа без голови 0-0 со Жоинвил.