123
Избраниците на
Луис Енрике во стил ја довршија работата откако минатата недела со 0-1 славеа
на Аноета.
Вечерва Барселона
со убедливи 5-2 го доби реваншот против Реал Сосиедад и го потврди настапот во
полуфиналето на Купот на Шпанија.
Денес Суарез го
отвори резултатот во 16. минута, а на стартот од вториот дел Меси од пенал
зголеми на 2-0.
Хуанми намали на
2-1 во 62. минута, но само 60 секунди подоцна Луис Суарез ја вреати Барселона
во два гола предност.
Вилиан Хосе
стрелаше прецизно за 3-2 во 73. минута, но потоа следуваа два погодоци на
домаќините за две минути.
Најпрво Арда
Туран погоди за 4-2 во 80. минута, за Денис Суарез со својот втор гол во 82.
минута да ги постави конечните 5-2.