Неизвесна судбината на Паје, Марсеј нема да плати повеќе од 25 милиони фунти

by
1 минути читање

Паје се договорил со Марсеј и сака да се пресели во овој клуб, но Вест Хем не е задоволен од сумата која му се нуди.

Вест Хем сака минимум 30 милиони фунти, но Марсеј очигледно нема намера да оди со понудите до таа сума. Тие испратија веќе три, а последната изнесува 22,5 милиони фунти.

Во меѓувреме, фудбалерот од херој стана предавник за навивачите на Вест Хем откако објави дека повеќе нема да игра за овој клуб.

Паје во Вест Хем дојде од Марсеј за сума од 10,75 милиони фунти и сега сака назад иако минатиот февруари потпиша пет годишен договор со англискиот клуб.

Вест Хем победи на два натпревари по ред без Паје, па очигледно безобразното однесување на играчот само ја зајакна атмосферата кај неговите соиграчи.

Додека не се разреши ситуацијата Паје е испратен да тренира со младинскиот клуб на Вест Хем и се надева дека до крајот на јануари ќе биде постигнат договор помеѓу двата клуба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани