Официјално: Кутињо потпиша нов договор со Ливерпул

by
1 минути читање

Најавите на англиските медиуми се остварија, Кутињо потпиша нов договор со Ливерпул и стана најплатен играч во клубот.

Бразилецот стави потпис на пет годишен договор според кој ќе заработува 150.000 фунти неделно. Тоа е најголема плата во Ливерпул во моментов, но не е рекордна, бидејќи Суарез заработуваше повеќе.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите во клубот. Многу сум среќен што потпишав нов договор. Ова е клуб на кој многу сум му благодарен а тоа покажува колку сум среќен тука. Работам многу напорно за да се оддолжам за довербата која ја покажуваат во мене“ – вели Кутињо.

„Го потпишав новиот договор за да останам тука уште пет години бидејќи тоа за мене е голема чест. Уште од првиот ден бев пречекан со раширени раце и од клубот и од навивачите. Му благодарам на клубот за се што прави за мене“.

Ниту Јирген Клоп не го криеше задоволството што Ливерпул ја потврди иднината на еден од неговите клучни фудбалери.

„Ова се прекрасни вести. Тој е фудбалер од светска класа. Знае дека своите соништа и амбиции може да ги исполни тука во Ливерпул. Ова е големо соопштение“ – вели Јирген Клоп.

Со потпишувањето на овој договор Кутињо става и крај на сите шпекулации кои го поврзуваа со трансфер во Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани