Требаше целосно да го откупи, но Фенербахче ќе го раскине договорот со Алиоски!?

by
1 минути читање

Неколку турски медиуми ја пренесуваат веста дека во Фенер го смениле планот за Алиоски, а како причина не се спомнува евентуална високо барање за откуп од Ал Ахли. 

Работата е во тоа што тренерот Жорж Жесус се заинтересирал за два други леви бекови и ако Фенер донесел еден од нив, ќе ја раскинел позајмицата на Алиоски. Станува збор за холандскиот ветеран Дејли Блинд, кому му заврши договорот со Ајакс и може да дојде во Истанбул како слободен играч, без отштета.

Втората опција бил Фелипе Џонатан, 24-годишен Бразилец, кој не е слободен, има договор со својот Сантос до 2025 година, но неговата вредност не се проценува на повеќе од три милиони евра.

Алиоски не разочара откако дојде од Ал Ахли, прикажа добри партии и за 17 меча постигна еден гол и запиша две асистенции. Дојде на едногодишна позајмица, со план да биде откупен целосно, но очигледно работите фатија друга насока.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×