Милевски: Нашата главна цел е да создадеме конкурентен тим за евро квалификациите

by
2 минути читање

Македонија се најде во тешка група во квалификациите за ЕП, со Англија, Италија, Украина и Малта ќе се бориме за првите две места па мисијата ќе биде исклучително тешка. 

Нашата селекција ја победи Италија во Палермо, но таквите резултати не ни се случуваат често, но Милевски се надева дека ќе можеме да се носиме со сите во квалификациите.

„За мене, но и за многумина, Италија е нашиот најголем триумф. Победа против Европскиот првак во плеј-оф натпревар за пласман на СП на гостински терен е посебен резултат. За жал, ние не играме често натпревари од таков тип. Би бил среќен доколку е поинаку. Но, драги ми се сеќавањата и од натпреварите во квалификациите за СП и освојувањето на второто место во групата“, вели Милевски.

„Јас разбирам дека многу често во нашата работа секогаш во фокусот се последните одиграни натпревари, но за мене сето ова не се сведува на „црно и бело““.

„Сакам да бидеме објективни. Доколку ја гледаме реалната слика на периодот после плеј-оф натпреварите, а ве очекуваат дуели од Лига на нации во период кога дел од фудбалерите се на одмор, дел од нив немаат клубови, други се во потрага по нов клупски ангажман, дел од носителите на игра поради повреда или замор не се во можност да се стават во функција на тимот и за десет дена треба да одиграте четири натпревари, тогаш илузорно е да барате резултат по секоја цена од оние што и покрај сите околности беа тука за нашиот тим. А, згора на се, емотивно бевме исцрпени после мечот со Португалија. Таа слика реално ја согледавме и свесно фокусот го насочивме кон проверка на потенцијалот на кои ќе сметаме во квалификациите за ЕП 2024“.

„Јас реков дека нашата главна цел е создавање тим кој ќе биде конкурентен во следните евро квалификации, а последните натпревари и мечевите од Лига на нации ни служеа во таа насока. Свесно дозволив и некои работи кои се надвор од моите принципи на последните два контролни дуели со силните Финска и Азербејџан, се со цел да имаме јасна и реална слика за квалитетот и потенцијалот на сите репрезентативци“.

Целото интервју на Милевски можете да го прочитате на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×