Наполи игра одлична сезона и во Серија А и во Лигата на шампиони. Елмас е значајна алка во тимот на Спалети, иако кога Кварацхелија е здрав, нашиот репрезентативец обично ги почнува мечевите од клупата.
Според турските медиуми, Јирген Клоп е загреан за Елиф Елмас до тој степен што германскиот стратег директно му се јавил на нашиот фудбалер да му каже дека сака да го види на Енфилд. Германскиот стратег се обидел да го убеди Елмас и му објаснил на која позиција го гледа во тимот.
Елмас има договор со Наполи до 2025 година, неговата вредност се проценува на околу 23 милиони евра, што за Ливерпул не би претставувало никаков проблем.
Идеално сценарио за Елмас е да ја заврши сезоната во Италија бидејќи Наполи има голема шанса да го освои Скудетото, а потоа да се пресели во Ливерпул.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК