Седлоски: Во пролетниот дел ќе бидеме уште подобри, нашата цел е – шампионската титула

by
1 минути читање

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски се надева на подобри игри во пролетниот дел од сезоната и верува дека ќе ја остварат целта, ќе ја одбранат круната.

„Морам да нагласам, кога го преземав тимот целта беше да се освои титулата, а тоа го исполнивме. Следеа евро-куповите, како и домашниот шампионат во исто време. Во тој период, играчите беа уморни, екипата беше исцрпена. Првите натпревари во првенството не ни одеа како што бевме навикнати, конкурентите се одлепија и поради тоа си дадов оставка. Се случија тие неколку порази кога јас не бев во клубот. По разговор со управата пак најдовме заеднички јазик и засега резултатите одат во нагорна линија, се надевам ќе бидеме и уште подобри. Ја знаеме својата цел и оваа година е шампионската титула. Пред нас се добри конкуренти, но се надевам дека ќе успееме да го исполниме зацртаното“, рече Седлоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×